Својства: Мај Салон Маникјур – уредот за маникир е нов автоматски уред за полирање на нокти кој дава резултати како од салон во удобноста на вашиот дом. Користете ги ролерите – турпии за измазнување, а белите ролери за полирање и природен сјај на вашите нокти кој трае до две недели. Користи 2 АА батерии (не се вклучени во пакетот).
Начин на употреба: Измијте ги и убаво исушете ги вашите нокти. Не користете го уредот на искршени нокти. Отстранете го заштитното капаче од уредот и поставете еден ролер на уредот. Прочитајте во делот Менување на ролерите за тоа како се вадат и заменуваат ролерите. Секогаш користете го прво ролерот-турпија за да ги измазните ноктите, а потоа користете го ролерот за сјај за да ги исполирате вашите нокти.Вклучете го уредот. Движете го уредот со ролерот врз ноктот и не останувајте на истото место повеќе од 2 до 3 секунди. Повторете го движењето се додека не го постигнете посакуваниот резултат.
Начин на чување и одржување: Чувајте го уредот на суво место недостапно за деца кога не е во употреба. Не чувајте го уредот на места со високи температури или влага. Ве молиме, отстранете ги батериите ако не го користите уредот подолго време.
Чистете го уредот по секоја употреба за најдобри перформанси. Предупедување: Уредот не е водоотпорен, значи не мијте го со вода! Уредот мора да биде сув во секое време. Не дозволувајте да влезе каква било течност во уредот. Проверете дали уредот е исклучен. Отстранете го ролерот од уредот. Избришете го уредот со сува или многу малку навлажнета крпа. Не користете абразивни средства за чистење. Повторно вратете го ролерот и заштитното капаче.
Препораки: Прочитајте го упатството пред користење на уредот. Не ставајте го и не чувајте го вашиот уред на директна сончева светлина или во близина на експлозивна топлина и влага. Чувајте го уредот на ладно и суво место подалеку од деца.
Пакување: 0,2 кг.
Нарачката содржи: 1 уред Мај Салон Маникјур, 1 заштитно капаче, 2 ролери – турпија, 2 ролери за сјај.