Материјал: Пластика
Својства: Ју-Ви Клинер е наменет за стерилизирање на предметите и површините за само неколку секунди со моќта на ултравиолетовата светлина. Докажано е дека УВЦ ултравиолетовата светлина е ефикасна во деактивирање на вирусот САРС-КОВ-2 кој го предизвикува КОВИД 19 и тоа до 99,99 проценти по само неколку секунди изложеност. Тој е исто така ефикасен и против голем број патогени и е официјално сертифициран од индустрискиот центар за микробиолошко испитување за неговата ефикасност против бактериите кандида албиканс, стафилокока ауреус и ешерихиа коли.
Начин на употреба: Поставете ја УВЦ ламбата свртена надолу на рестојание од 15-20 см од предметот кој сакате да го стерилизирате и притиснете го копчето за старт. Уредот ќе емитува ултравиолетова светлина за стерилизирање на предметот. Овој производ има вградено коло за безбедносна заштита. Кога УВЦ ламбата ќе се сврти нагоре, светлото автоматски се исклучува за да се заштити човечкото тело од директно зрачење со ултравиолетова светлина. Кога уредот ќе се сврти надолу светлото пак ќе се вклучи.
Препораки: Кога ја држите ламбата за дезинфекција, не треба да го држите уредот со дланката. Држете го производот од двете страни со прстите како што се гледа на сликата за да спречите евентуално оштетување на кожата. Користете микро УСБ кабел за полнење.
ВНИМАНИЕ: Забрането е да се зрачи со овој уред на било кој дел од човековото тело или на животни, и компанијата не е одговорна за никакви негативни ефекти предизвикани од несоодветна употреба на уредот. Овој производ има вградена батерија и прецизни делови. Во случај на дефект, не употребувајте го уредот. Не обидувајте се сами да го расклопите за да избегнете несреќи. Чувајте го производот подалеку од вода и извори на топлина и чувајте го на места недостапни за деца.
Нарачката содржи: 1 УВ Клин и 1 микро УСБ кабел.